532
Фудбалерот Андреј Лазаров кој загина во ужасната несреќа која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, дел од својата кариера ја помина и во Тиквеш од Кавадарци.
Кавадарци не го заборава Андреј, денеска беше отворена книга на жалост во која жителите на овој град се потпишуваа потсетувајќи се на деновите кога тој играше за нивниот Тиквеш.
Андреј Лазаров имаше само 25 години, беше талентиран фудбалер кој во својата кариера настапуваше за Работнички, Тиквеш, Рудеш, Горица и Шкупи.