Даниеле Ругани
беше првиот фудбалер од Серија А позитивен на коронавирус. Поради него, во
карантин замина дури 121 член на Јувентус. До денеска, нема нов случај, во
текот на неделава ќе бидат направени нови тестови.
Сепак, дефанзивецот ја зарази својата девојка,
која е бремена. Таа информацијата ја сподели на социјалните мрежи, каде ги
извести следбениците дека се чувствува добро и се наоѓа во домашна изолација.
„Здраво на сите.
Неодамна направив тестови и ги добив резултатите, позитивна сум на коронавирус.
Јас сум пример дека и кога немате симптоми и се чувствувате добро, можете да заразите
други без да знаете. Затоа останте дома, да ги почитуваме насоките на властите
и заедно ќе го победиме ова зло“ – порача Микела Персико.