Ситуацијата во Јувентус како што изгледа по завршувањето на сезоната е по малку и конфузна.
Прво се огласи спортскиот директор Кристијан Џунтоли, кој најави дека Тудор ќе ја води екипата на Светското клупско првенство во јуни, а дури потоа ќе се донесе конечна одлука за неговиот статус. Но, хрватскиот стратег не чекаше долго и побара јасна слика уште пред турнирот за сега дојде демант на таа изјава и тоа од агентот на хрватскиот стратег, Антони Шериќ.
„Игор нема намера да влијае на процесот. Сака да остане и следната сезона, но ја почитува одлуката на клубот и ќе го прифати моментот кога истата ќе биде донесена“, изјави Шериќ за италијанските медиуми.
Тудор го презеде кормилото на Јувентус во март, како наследник на Тијаго Мота, и потпиша договор до крајот на сезоната, со клаузула за автоматско продолжување во случај на изборен пласман во ЛШ, услов што го исполни.
Сепак, во италијанските фудбалски кругови сè погласни се шпекулациите за можното враќање на Антонио Конте во Торино.