Директорите на Јувентус се бесни на своите колеги од ПСЖ откако во последен миг биле известени дека трансферот на Рандал Коло Муани е блокиран поради тоа што „светците“ ја искористиле квотата за позајмени фудбалери.
Рандал Коло Муани оваа недела пристигна во Торино на лекарски прегледи, успешно ги помина тестовите, стави потпис на договорот и Јувентус се надеваше дека ќе го има напаѓачот на располагање за дербито против Милан.
Но „старата дама“ во последен миг дознала дека зделката не може да се комплетира бидејќи ПСЖ веќе ја има искористено квотата за позајмени фудбалери.
Па директорите на Јувентус биле бесни на своите колеги од ПСЖ зошто не биле на време известени за овие бирократски проблеми, сметале дека ова е аматерско однесување на „светците“.
За да се комплетира зделката на Коло Муани, ПСЖ сега ќе треба да врати еден од фудбалерите кои се на позајмица, или пак да продаде еден од фудбалерите на позајмица.
Се верува дека „светците“ ќе ја прекинат позајмицата на Шер Ндур во Бешикташ и на тој начин да се отвори простор за официјализирање на трансферот на Колo Муани во Јувентус.