На „Олд Трафорд“ оваа зима се подготвуваat oдредени промени, а навивачите на Манчестер јунајтед сакаат доаѓање на звучни засилувања, но и за разделба со фудбалерите кои, според нив, не го заслужуваат дресот на клубот.
„Црвените ѓаволи“ веќе водат преговори за ангажман на Ласине Синајоко, паралелно се разговара и за потенцијалното заминување на Џошуа Зиркзе, а трансфер-плановите не завршуваат тука. Како што пренесуваат медиумите, прва желба на Манчестер јунајтед во јануарскиот преоден рок е ѕвездата на Нотингем форест, Елиот Андерсон, но клубот има подготвени и алтернативи доколку зделката не биде реализирана навреме.
Според „Africa Foot“, Манчестер јунајтед е во напредна фаза на преговори со Ласине Синајоко и неговите претставници. Договорот на фудбалерот на Оксер истекува следното лето, па англискиот гигант сака да го донесе уште во јануари, но подготвен е да почека и до летниот преоден рок.
„Преговорите напредуваат во многу добра насока и англискиот клуб се надева дека договорот ќе биде финализиран во текот на зимскиот преоден рок“, се наведува во објавата на „Africa Foot“.
Наводно, Синајоко би требало да заработува околу три милиони евра по сезона, иако разговорите сè уште не се целосно завршени. Офанзивецот може да настапува на двете крилни позиции, но и како централен напаѓач, а во дресот на Оксер има 159 настапи, со 25 постигнати голови и 23 асистенции.
Еден од фудбалерите кој речиси сигурно ќе го напушти Манчестер јунајтед во јануари е Џошуа Зиркзе. Според новинарите на „La Gazzetta dello Sport“, холандскиот напаѓач не е задоволен од минутажата што ја добива под водство на тренерот Рубен Аморим.
„Зиркзе веќе ѝ кажал „да“’ на Рома“, тврдат италијанците, па така продолжението на сезоната најверојатно ќе го помине во дресот на римскиот клуб. Покрај тоа, Манчестер јунајтед активно работи и на уште неколку потенцијални засилувања, меѓу кои се споменуваат имињата на Елиот Андерсон и Рубен Невеш.