Во Јеовил се чудат: Кој го избра Алексис Санчез за играч на натпреварот?

by
1 минути читање

Чилеанецот вчера го имаше своето деби во дресот на „Ѓаволите“, Алексис Санчез од првата минута го започна дуелот со Јеовил во ФА Купот, кој Манчестер јунајтед го доби рутински со 0-4.

Популарниот „Ел Нињо Маравиља“ лошo отвори, имаше неколку погрешни додавања во воведниот дел од средбата, но ја поведе акцијата по која Рашфорд го отвори резултатот, а потоа во вториот дел му асистираше на Андер Ерера за 0-2.

Алексис Санчез беше заменет во 78. минута, а по неговото излегување од игра, Манчестер јунајтед го „дотолчи“ противникот со головите на Лингард и Лукаку во финишот од средбата.

Чилеанецот потоа беше прогласен за играч на мечот, одлука која не им се допадна во таборот на домаќините.

„Алексис Санчез е играч на натпреварот. Не сме сигурни кој го направи овој избор, сигурно се работи за маркетиншки потег!“ – гласеше пораката на Твитер.

Изборот го направи Мартин Кион, поранешниот играч на Арсенал кој изминатиов период силно го критикуваше Алексис Санчез и го нарече Чилеанецот „платеник“ поади тоа што ја одбрал побогатата понуда од Манчестер јунајтед а не онаа на Манчестер Сити за која си имаше подадено рака уште пред неколку месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×