Во јануари стана најскапото засилување во историјата на РБ Лајпциг, а веќе летоска оди на продажба

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Германија пренесуваат дека РБ Лајпциг ја одредил цената на Чави Симонс и летоска ќе бара купец за услугите на репрезентативецот на Холандија.

„Биковите“ во јануари реализираа историски трансфер откако решија да инвестираат 50+ милиони евра за во целост да го купат Чави Симонс од ПСЖ.

Но како што пренесува Скај Германија, Холанѓанецот нема долгорочна иднина во РБ Лајпциг и веќе летоска ќе биде продаден.

РБ Лајциг поставил цена од 80 милиони евра, и ќе се бара купец за услугите на офанзивниот фудбалер.

Сепак, многу работи ќе зависат од тоа дали „биковите“ ќе обезбедат настап во Лигата на шампиони, и какви понуди ќе пристигнат.

Скај Германија додава дека Чави Симонс сака да направи значаен скок во кариерата и нема да ја промени средината доколку не добие атрактивна понуда од клуб кој е над нивото на РБ Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани