Во Италија се воведува правило какво што нема никаде на друго место – фудбалерите нема да се израдуваат!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ)и раководството на Серија А потпишаа договор каков што нема во ниту една друга земја.

Имено, на сите фудбалери во екипите кои по оваа сезона ќе се преселат од Серија А во Серија Б платите автоматски веднаш ќе им се намалат за 25%.

Луѓето во италијанскиот фудбал со ова ново правило сакаат да го исконтролираат финансискиот притисок кој се создава врз клубовите кои ќе го напуштат елитното друштво.

Треба да се знае дека ова правило ќе се применува во договорите кои во иднина ќе ги потпишуваат фудбалери, а додека во тек се актуелните тука примањата нема да се менуваат.

Но, покрај скратувањето на платата во договорот има и клаузула според која фудбалерите ќе си ги добијат парите во случај екипата да се врати од Серија Б во Серија А.

Исто така намалување на платите нема да има кај фудбалерите кои ја зарабоуваат минималната плата.

Фото: Lega Serie A/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

×