66
„Тутоспорт“ пишува дека Весли Снајдер го напушта Галатасарај и најверојатно ќе се пресели во Монтереал Импакт кој е сестрински клуб на Болоња.
Според весникот, Холанѓанецот кој ја освои тројната круна со Интер во 2010, би можел да го одложи патот кон МЛС за да одигра уште една сезона во Серија А, овој пат во дресот на Болоња.
Снајдер сака да игра во една од најдобрите фудбалски лиги со цел да биде во комбинација за Светското првенство во Русија доколку Холандија избори пласман.
Дека ова може да се случи, медиумите во Италија се повикуваат на приказната на Блерим Џемаили кој се договор со Монтреалн Импакт во декември, но остана во Болоња до мај.