По шест одиграни кола тимот на Горан Пандев, Џенова се
уште нема триумф, засега има две ремија и четири порази, а нашиот 34 годишен
репрезентативец одигра четири натпревари, но барем засега не успеа да ја
затресе мрежата од противничките голови.
Се чини дека најдобрата шанса ќе ја има во сабота, кога
Џенова на домашен терен ја пречекува Болоња во седмото коло од Серија А, а за
овој натпревар медиумите во Италија го најавуваат нашиот фудбалер како стартер
во тимот на хрватскиот стратег Иван Јуриќ.
„Иван Јуриќ смета дека искуството на Пандев може да
пресуди за триумф над Болоња“ пишува локалниот медиум во Џенова, „Примоканале“.
Искусниот македонски фудбалер последен пат беше стартер
на гостувањето кај Удинезе, каде неговиот тим забележа минимален пораз, а
Пандев беше заменет по само 39 минути игра, забележа повреда по што беше вон
комбинација за дуелот против неговиот поранешен клуб Лацио, воедно и средбата
против Киево на домашен терен, се врати на гостувањето кај неговиот екс клуб Интер.
Нема дилеми дека Џенова ќе се бори за опстанок оваа
сезона во Калчолигата, па многумина сметаат дека претстојниот меч со Болоња е
од исклучително значење во битката за опстанок во елитното друштво.
Извор: primocanale.it