Во Италија имаат теорија: Роналдо им открил на медиумите дека Дибала и понатаму е позитивен на коронавирус?

by
1 минути читање

Синоќа пристигна загрижувачка
вест, Пауло Дибала и по речиси 40 дена не може да ја добие битката со коронавирусот.
Новинар од Шпанија откри дека и четвртиот тест на Аргентинецот бил позитивен.

Јувентус никогаш
не откри детали за тоа колку тестови се направени врз напаѓачот, па во Италија
имаат теорија дека Кристијано Роналдо е тој кој открил информации за
ситуацијата на Пауло Дибала.

ЦР7 во моментов е во Португалија и одбива да се
врати во Италија. Се шпекулира дека некој од кампот на Кристијано Роналдо ја
проследил веста до „Ел Чирингито“ за да се создаде слика дека не е безбедно во
Торино и дека ситуацијата не е под контрола.

На овој начин Кристијано Роналдо ќе има
оправдување за тоа што одбива да се врати и изговор за да остане што подолго со
своето семејство во Мадеира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×