Во Интер иритирани од коментарите на Ванда

by
1 минути читање

Директорот на
Интер, Бепе Марота вели дека во клубот се иритирани од коментарите на сопругата
и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара дека аргентинскиот напаѓач сака да остане
по секоја цена во тимот, воедно тој предупреди дека Аргентинецот нема да биде
добредојден.

Уште на самиот
старт од летниот преоден рок Икарди јасно му беше посочено дека не е дел од
плановите и идеите на новиот тренер Антонио Конте, меѓутоа тој ја одби секоја
можност да биде продаден, па така остана една голема дилема во составот на „Нероаѕурите“.

Ние ги гледаме
коментарите на Ванда низ аспект на иритирање, истите се косат со времето и
методите за такво нешто да се каже
“ рече Марота за „ДАЦН“ пред синоќешниот меч
на Интер во првото коло од Серија А каде тимот на Конте тргна со убедлива
победа над Лече со 4-0 на домашен терен.

Конте го пофали Лукаку, а Икарди го стави во играчите кои веќе заминале

Исто така
категорично ги отфрлам обидите некој да направи слика дека клубот на Икарди му
рекол да остане во Интер, особено не од страна на претседателот Стивен Занг

додава Марота.

Стратегијата
која Интер ја презеде е прецизна и ние комуницираме доста јасно во вистинско
време. Ќе продолжиме на тој начин да работиме до крај, никој во Интер нема да
има можност да го промени тој принцип на работа кој е прифатен од сите
“ заклучи
Марота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×