Во Холандија ќе се игра натпревар без судии: Нема да има ниту главен, ниту помошен

by Стефан
1 минути читање

Во Холандија во градот Хелмонд за утре е закажано градското дерби помеѓу Брандеворт и Де Брак кое ќе биде посебно затоа што ќе се игра без судии.

Натпреварот ќе биде од пријателски карактер и ќе се игра во терминот од 20:00 часот, а на теренот нема да има ниту главен, ниту помошен судија.

Со оглед на тоа дека нема судии, нема да има ниту картони.

Одлуките на теренот ќе ги носат самите фудбалери, додека клубовите со овој начин сакаат да испратат порака за фер-плеј и коректно однесување на теренот, сметајќи дека спортскиот дух во модерниот фудбал полека се губи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани