Германската
Фудбалска Федерација ќе одржи итен состанок за да се дискутира по прашањето
дали да се суспендира првенството, откако од второлигашот Хановер
објавија прв случај на коронавирус кај професионален фудбалер во таа земја.
Од Хановер објавија дека имаат фудбалер со коронавирус, посочија и детали како тој се заразил
Според
известувањата на „Билд“, од куќата на фудбалот во Германија, како и 36
оперативци од Бундеслигата, односно второлигашката конкуренција ќе имаат средба
идната седмица за да разговараат околу мерките кои треба да се превземат.
Германската
канцеларка Ангела Меркел денеска предупреди дека 70% од населението во таа
земја може да се зарази со вирусот, а во моментов владее вистински хаос во
фудбалска Европа, затворени се вратите на стадионите во некои првенства, а во
Италија фудбалот е суспендиран.
„Ние ќе реагираме
според актуелната ситуација, работите се менуваат од ден на ден“ вели близок
извор во засегнатата ситуација во Германија за „Билд“.
Во меѓувреме,
предвидено е натпреварите за претстојниов викенд во Германија да се одиграат
без присуство на публика, а денеска веќе имаме таков случај.
Денеска, дуелот помеѓу
Борусија Менхенгладбах и Келн, заостанат меч од „Бундеслигата“ сезонава, се
игра без публика како дел од мерките против коронавирусот, инаку, ова е прв меч
во историјата на најсилниот фудбалски шампионат во Германија кој се игра без
присуство на публика.