Турскиот гигант Фенербахче ја доби долго посакуваната
специјална дозвола од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за регистрација
на 17 годишниот македонски репрезентативец, Елиф Елмас во својот тим.
Меѓутоа, битката која се извојува беше само половична,
како што и се очекуваше, Турската фудбалска федерација даде негативен одговор
на барањето на гигантот од Истанбул за регистрација на младиот фудбалер, па
целата работа се сведе од почеток, епилогот е веќе јасен, Елмас дури од јануари
ќе може да има настапи за Фенербахче, во меѓувреме ќе тренира со првиот тим,
може да игра на пријателски средби, воедно да настапува и за младинскиот состав
на оваа екипа.
Денес, вест број еден е токму епилогот на случајот со
нашиот фудбалер кој ова лето премина во редовите на турскиот суперлигаш, и
покрај големиот број понуди на своја адреса од неколку европски гиганти.
Веста за Мендеш и неговиот интерес за Елмас дојде во време
токму кога Фенербахче водеше битка за добивање специјална дозвола од ФИФА за
Елмас, а не се исклучува и најлошиот епилог за тимот од Истанбул доколку
добиеше негативен одговор.
Денес, како што кажавме вест број еден е Елиф Елмас,
поточно што ќе се случеше доколку Фенербахче не ја добиеше специјалната дозвола
од ФИФА, на оваа тема говореше поранешниот претседател на клубот, Шекип Моштуроглу
кој во изјава за тамошните медиуми подвлече дека негативниот одговор од ФИФА ќе
значеше огромен шок за клубот.
„Доколку нашето барање до ФИФА не беше прифатено,
постоеше опасност од реализација на трансферот на Елмас, поточно негова официјализација, тој на 27 септември ќе наполни 18 години, до тогаш не се ни
сомневам дека ќе се појавеа неколку клубови кои ќе посакуваа да ни го
украдат…“ издвои Моштуроглу.
Извор: fanatik.com.tr