Во фантастично дерби Вардар ја победи Шкендија

by
1 минути читање

Вардар и Шкендија одиграа одличен дерби натпревар со шест голови и пресврти кој на крајот го доби шампионот со 4-2.

Резултатот беше отворен во 26. минута кога по асистенција од Ибраими, Жуниор погоди за водство на Шкендија од 1-0.

Вардар играше слабо во првото полувреме, но работите значајно се подобрија во вториот дел од мечот.

Во 54. минута Захов го фаулираше новото засилување за Вардар, Максимов, судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Фелипе за 1-1.

Десет минути подоцна, пенал за Шкендија, кој го реализира Ибраими за ново водство за тетовскиот тим.

Но, веќе во следната акција Вардар изедначи на 2-2, по една убава акција Итало одлично асистираше до осамениот Блажевски кој погоди за израмнување.

Во 74. минута Фелипе биеше од далечина, Захов киксираше, топката мина под него и заврши во мрежата за водство на Вардар од 3-2.

Конечните 4-2 ги постави Итало во 88. минута по асистенција од Марковиќ.

Голема победа за Вардар кој сега има шест бода зад Шкендија но и два натпревари помелку.

Пелагониското дерби помеѓу Пелистер и Победа им припадна на Битолчани кои славеа со 2-1.

Во останатите денешни натпревари, Академија Пандев го победи Шкупи со 2-0, Ренова со 2-1 беше подобра од Работнички, Скопје и Силекс одиграа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани