Во едно попладне, Фаџоли „изгорел“ 250.000 евра во обложувалница

by bojan
1 минути читање

Николо Фаџоли и неговите коцкарски потфати се повторно топ тема во Италија, Ла Република објави дека на 14. февруари 2023 година, фудбалерот „изгорел“ 250.000 евра во обложувалница во периодот од 14 до 19 часот.

Минатата недела беше објавено дека уште 10 фудбалери од Калчото се под истрага за нелегално обложување, па ова повторно во фокусот го стави Николо Фаџоли.

Ла Република денеска објави дека поранешниот фудбалер на Јувентус во само едно попладне „изгорел“ 250.000 евра во обложување.

Весникот посочува дека црната серија се случила на 14. февруари 2023 година, кога Николо Фаџоли влегол во минус од четврт милион евра во периодот од 14 до 19 часот, притоа имал и мала пауза од обложување, бидејќи час ипол бил на тренинг со „старата дама“.

Се проценува дека вкупниот коцкарски долг кој го направил Николо Фаџоли изнесува 2,7 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани