Во драматичен меч Дортмунд го победи Баерн во Минхен и го елиминираше од германскиот куп (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот изобилуваше со возбудувања, дури пет пати се тресеа мрежите, а првиот гол падна во 19. минута кога погоди Марко Ројс.

До крајот на првото полувреме Баерн Минхен комплетно се врати, со головите на Хави Мартинез и Матс Хумелс направи комплетен пресврт за водство од 2-1.

Но, Борусија Дортмунд не се предаде, во 69. минута Обамејанг го изедначува резултатот на 2-2, а само пет минути подоцна победата ја носи Дембеле, конечни 2-3.

Во финалето Борусија Дортмунд ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт кој со 2-1 го победи тимот на Менхенгладбах.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани