Во драматичен меч Брегалница пропушти да го победи Вардар

by
1 минути читање

Вардар можеше денеска да ја завери титулата, но не успеа да ја победи Брегалница во Штип, одигра само 3-3, реми изборено во последните моменти од мечот.

Македонскиот шампион одлично тргна во мечот, по 30 минути игра со головите на Велковски и Блажевски од пенал, имаше водство од 2-0. До крајот на првиот дел Брегалница преку Здравков од пенал успеа да намали на 2-1.

По 15 минути игра во второто полувреме беше досуден уште еден пенал за Брегалница, Здравков изедначи на 2-2, а само три минути подоцна Ранѓеловиќ заработи втор жолт картон и домашниот тим остана со фудбалер помалку.

И покрај тоа, Брегалница со гол на Наумов во 79. минута поведе со 3-2 и беше на чекор до победа, но во 92. минута Џиагури погоди со глава и ги постави конечните 3-3. Пред судискиот свиреж црвен картон доби и Фелипе од Вардар.

Победа оствари голем триумф во битката за опстанок откако со 1-0 ја совлада екипата на Шкендија. Стрелц на голот беше Станиќ во 25. минута.

Работнички и Пелистер одиграа нерешено 1-1. Битолчани имаа водство преку Петров уште во 5. минута, романтичарите изедначија преку Дурански пред крајот на првиот дел.

Силекс со 1-0 победи на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, а Ренова со 2-1 го совлада Шкупи.

Вардар во следното коло со победа на веќе отпишаната екипа на Македонија ЃП, ќе ја одбрани шампионската титула.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани