Во рамките на
редовното 21 коло во второлигашката македонска фудбалска конкуренција на
Истокот, денеска се среќаваат Тиквеш и Вардар Неготино, двата големи ривали од
Тиквешијата, а овој меч предизвика голем интерес, како и секогаш.
Не само во
Кавадарци, тоа што се случува на дербито во Тиквешијата го привлече вниманието
кај сите останати љубители на македонскиот фудбал, по сликата што пристигнува
од таму.
Вистински
фудбалски празник е денес во Кавадарци, а на трибините од тамошните фудбалски
стадион едноставно нема игла каде да падне, секако, тука се и навивачите кои
дербито го зачинија со пиро шоу на трибините.




Дека оваа дерби пресметка е од големо значење за Тиквешијата, говори и фактот што РТК го пренесуваше овој меч низ директен пренос, потег кој секако е за поздрав.
Фото/Видео: РТК