Раководството на Челси е задоволно од Мареска, сметаат дека конечно го најдоа вистинскиот тренер

by riste
1 минути читање

На почетокот од оваа сезона Челси покажува ново лице, особено на последните натпревари на кои не само што победува туку тоа го прави и доминантно.

По шест одиграни кола Челси е на четвртото место со само два бода помалку од лидерот Ливерпул и еден помалку од Манчестер Сити и Арсенал.

Се чини дека Енцо Мареска ги среди работите во тимот, донесе нова енергија и знаење и Челси почна да игра како што посакуваат навивачите.

Информациите од Англија велат дека раководството на Челси е многу задоволно од тоа како Мареска се справува со работите и ова веројатно е најдобриот момент откако клубот го преземаа американските сопственици.

Во Челси конечно чувствуваат дека стануваат кандидати за освојување на титули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани