Набрзо по завршувањето на натпреварот од Фудбалската федерација на Македонија го објаснија моментот со исклучувањето на Реџеп Мурати во денешниот натпревар.
Во Башкими беа бесни, дури и сакаа да го напуштат теренот во еден момент. Сепак, гостинскито фудбалер сосема оправдано бил исклучен затоа што плукнал фудбалер на Вардар.
ФФМ го објасни моментот и објави видео од истиот.
Главниот судија се наоѓаше на оддалеченост од околу еден метар од настанот, јасно го забележа плукањето и без двоумење правилно покажа директен црвен картон. Ова крајно неспортско однесување беше потврдено и од ВАР-судиите, врз основа на јасен видео-доказ од моментот на инцидентот.
Исто така од федерацијата појаснија дека неспортско однесување имало и од уште едно лице во таборот на гостите.
Потоа, претходно исклученото службено лице од клупата на ФК Башкими недозволено влезе во теренот за игра, провоцирајќи и започнувајќи конфронтација со активниот играч на ФК Вардар, Бобан Николов. Ваквото однесување е крајно неспортско и недозволиво, особено имајќи предвид дека лицето беше исклучено во првото полувреме и во никој случај не смееше да влезе на теренот.
Причината за конфронтацијата и исклучувањето произлегува исклучиво од недозволивото однесување на играчот со бр. 3, кој плукна кон судијата, како и од недозволеното влегување на исклученото службено лице на теренот, кое започна конфронтација со играчот на ФК Вардар, Бобан Николов, кој потоа оправдано беше дисциплински санкциониран со жолт картон.
Видео од споменатиот момент може да погледнете – ТУКА.