Во Барселона ова е половина гол во Аргентина ниту шанса, не случајно Меси правеше гестикулации (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лео Меси остана
без уште една прилика за трофеј со „гаучосите“ откако утрово Аргентина беше
елиминирана од Бразил во полуфиналето на Копа Америка. Избраниците на Скалони
имаа свој шанси, два пати ја погодија рамката од голот, а имаше и две спорни
ситуации.

За издвојување е
и еден момент од завршните минути на првото полувреме, акција која во Барселона
е половина гол а во Аргентина не беше ниту шанса.

Лео Меси доби
топка на својата половина, и тргна во за него типичен пробив, им ја протна
топката на двајца противници и претрча преку 50 метри. Тој потоа го проигра
Агуеро и требаше да добие повратна топка на 11 метри каде беше осамен. Сепак,
напаѓачот на Манчестер Сити реши да бие, беше изблокирана од одбраната и ја
упропасти акцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани