Во Барселона бесни на Роберт Левандовски, се чудат како можел тоа да го направи

by bojan
1 минути читање

Роберт Левандовски поради повреда на задната ложа ќе паузира помеѓу четири и шест недели, а во таборот на Барселона се чудат како искусниот напаѓач продолжил да игра и покрај тоа што имал болки.

„Каталонците“ мака мачат со повредите од стартот на сезоната, а квалификациите за мундијалот овој месец донесоа нови главоболки за Ханси Флик.

На настап со репрезентациите се повредија Дани Олмо, Феран Торес и Роберт Левандовски.

Најсериозна е повредата на Полјакот, кој ќе паузира помеѓу четири и шест недели, а како што пренесуваат медиумите, токму оваа повреда донела и најмногу тензија.

Во Барселона се бесни на Роберт Левандовски и се чудат како можел тоа да го направи.

Имено, напаѓачот почувствувал болка уште рано во натпреварот, но наместо да го напушти теренот, тој ги одигра сите 90 минути и го постигна голот со кој беше потврдена победата над Литванија.

На „каталонците“ не им е јасно како 37 годишниот Роберт Левандовски, со толку големо искуство, и слична повреда во август месец, наместо да застане, решил да го бандажира проблематичниот мускул на полувремето и да продолжи да игра наместо да побара замена.

И сето тоа кога следуваат серија важни натпревари на Барселона, како „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×