Во таборот на Барселона не се воодушевени од изборот на Карло Анчелоти за последните два натпревари на Бразил во квалификациите за Светското првенство, стратегот ги одмори Винисиус Жуниор, Родриго и Едер Милитао, но не и Рафиња.
„Каталонците“ го обвинуваат Карло Анчелоти за двојни аршини и сметаат дека селекторот на Бразил му прави услуга на својот поранешен клуб Реал Мадрид.
За последните два натпревари во квалификациите за Светското првенство, тој не ги повика Винисиус Жуниор, Родриго и Едер Милитао.
Бразил веќе го обезбеди настапот на мундијалот во САД, па Карло Анчелоти реши да ротира.
Сепак, ова не важеше и за Рафиња, кој доби повик и одигра 80 минути против Чиле. Фудбалерот на Барса се очекува да биде стартер и на натпреварот против Боливија, и тоа на 4.000 метри надморска височина.
Ова пеколно гостување сите преферираат да го прескокнат, па во Барселона не разбираат зошто Карло Анчелоти не сака да го поштеди Рафиња и да му даде на фудбалерот соодветен одмор пред продолжението во Ла Лига и почетокот на Лигата на шампиони.