Во Барса сметаат дека првото засилување за сезоната 2025/26 е завршена работа

by bojan
1 минути читање
Тах

„Каталонците“ се убедени дека ја добиле битката за потписот на Џонатан Та од Баер Леверкузен и Германецот ќе биде првото засилување за сезоната 2025/26.

Џонатан Та ги одработува последните месеци од договорот со Баер Леверкузен, нема намера да ја продолжи соработката и веќе во јануари може да потпише пред-договор со друг клуб.

Интересот за услугите на дефанзивецот е голем, а неколку извори од Шпанија пренесуваат дека Барселона е таа која ќе ја добие битката за потписот на Џонатан Та.

Деко на почетокот од овој месец беше во Германија на средба со Џонатан Та и неговиот агент и спортскиот директор на „каталонците“ успеал да го убеди Германецот да се пресели на Камп Ноу.

Спорт и Мундо Депортиво денеска излегоа со речиси идентични вести, дека преговорите со Џонатан Та се во напредна фаза и во Барселона сметаат дека работата е завршена, дефанзивецот ќе биде првото засилување за сезоната 2025/26.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани