Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл потврди дека напаѓачот Матис Тел побарал да замине и откри дека никогаш толку многу клубови не се јавиле за да опипаат терен за трансфер.
19 годишниот Матис Тел побарал да го напушти Баерн Минхен во потрага на поголема минутажа.
„Кога разговаравме во декември, ни кажа дека сака да се наметне во Баерн. Но сега не извести дека сака да замине. Ќе ги разгледаме сите опции и ќе одлучиме што е најдобро“ – вели спортскиот дирекот Макс Еберл.
„Ни објасни дека не е задоволен од минутажата и го разбирам. Би сакал тој да покажеше желба да се бори за место во тимот, но не му се лутам“.
Спортскиот директор на Баерн Минхен потоа додаде: „Ќе видиме што ќе се случи, но никогаш толку многу клубови не ни се јавиле за еден играч“.
Изминативе денови имаше многу шпекулации за иднината на Матис Тел, се говореше дека младиот напаѓач е желба на многу клубови ширум Европа, и се потенцираше дека интересот особено е голем на „островото“ со клубови како Манчестер јунајтед, Арсенал, Челсти, Астон Вила и Тотнем.