Баерн Минхен работи забрзано да го комплетира трансферот на Мајкл Олисе од Кристал Палас, но раководството на „баварците“ останало збунето од чудната откупна клаузула.
Голем број на гиганти од Премиерлигата ова лето пројавија интерес за Мајкл Олисе, но фудбалерот реши да ја прифати понудата на Баерн Минхен.
„Баварците“ имаат договор со офанзивниот фудбалер за висината на платата, како и со неговите агенти за висината на провизијата.
Сепак, клубот од „Алианц Арена“ наиде на проблеми при обидот да ја активира откупната клаузула на играчот.
Новинарот Алан Никсон открива дека во Баерн останале збунети кога им било кажано дека сумата од 43 милиони фунти (околу 50 милиони евра) била доволна само да се отворат преговори.
За комплетирање на трансфер се потребни околу 50 милиони фунти (речиси 60 милиони евра), со оглед на тоа дека процент од зделката треба да му припадне и на Мајкл Олисе, како и на неговиот поранешен клуб Ридинг.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.