Во Баерн останале шокирани, им побарале неверојатни 100 милиони евра за наследникот на Тухел

by bojan
1 минути читање
Тухел

Баерн Минхен се обидел да го ангажира Оливер Гласнер како наследник на Томас Тухел, но останале шокирани кога Кристал Палас побарал оштета од 100 милиони евра за разделба со стратегот.

„Баварците“ немаат среќа со наследникот на Томас Тухел, откако неочекувано беа одбиени од Ралф Рангник, доживеале шок и при обидот да го ангажираат Оливер Гласнер.

Директорите Макс Еберл и Кристоф Фројнд стапиле во контакт со стратегот, му го објасниле проектот и зошто веруваат дека тој е правиот човек за Баерн Минхен.

Потоа се замешале и легендите Ули Хенес и Карл Хајнц Румениге, кои го врбувале Оливер Гласнер и понудиле соодветна компензација за Кристал Палас.

Самиот Оливер Гласнер бил заинтересиран за преселба на „Алианц Арена“, но се паднало во вода кога првиот човек на Кристал Палас, Стив Периш ставил вето.

Тој побарал неверојатни 100 милиони евра за да се раздели со Оливер Гласнер, додека пак Баерн бил подготвен да плати 18 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани