Баерн Минхен на големо изненадување реши да го именува Винсент Компани за нов тренер, но првичните импресии на „баварците“ биле толку позитивни што жалат зошто многу порано не се обиделе да го ангажираат стратегот.
Баерн Минхен конечно ја заврши потрагата за нов тренер, оваа недела Винсент Компани беше промовиран како наследник на Томас Тухел.
Одлуката беше изненадувачка, со оглед на тоа што младиот стртег со Барнли испадна од Премиерлигата, а претходно на листата со желби имаше докажани имиња, како Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник и Оливер Гласнер.
Но на „Алинац Арена“ веруваат дека повлекле прав потег, и толку многу биле импресионирани од Винсент Компани што жалат зошто толку доцна влегле во преговори со него.
„Сега откако Макс Еберл (спортскиот директор на Баерн) разговараше со Компани, не може да поверува како не отвориле преговори уште пред шест недели, до толку е убеден дека ќе биде полн погодок, па жали што не го сместил Винсент Компани повисоко на листата со желби“ – вели новинарот Кристијан Фалк.