Во Атлетико разочарани од односот на Милан, за трансферот на Мората дознале од Ла Лига!

by bojan
1 минути читање
Мората

Атлетико Мадрид е разочаран од начинот на кој Милан се однесувал при трансферот на Алваро Мората, никој од Сан Сиро не ги известил дека ќе ја активираат откупната клаузула.

Алваро Мората од денеска е нов фудбалер на Милан, попладнево пристигна потврда за трансфер на напаѓачот на Сан Сиро.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, во Атлетико Мадрид се разочарани од начинот на кој се однесувал Милан.

„Росонерите“ во ниту еден момент не стапиле во контакт со своите колеги од Атлетико Мадрид за да ги известат дека се заинтересирани за напаѓачот, или пак да ги информираат дека ќе ја активираат клаузулата.

Никаков контакт немало ниту од страна на играчот и неговиот агент. Алваро Мората, во понеделникот во неформален разговор со директорите Мигел Анхел и Карлос Бусеро, само изразил желбада го напушти клубот.

За трансфрот на Алваро Мората во Милан, Атлетико Мадрид дознал од Ла Лига.

„Ла Лига ни соопшти дека е платена откупната клаузула на Алваро Мората, па тој повеќе не е наш играч. Со среќа, Мората“ – гласеше краткото известување на Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани