1,2K
Џуд Белингем од редовите на Реал Мадрид е добро познат на фудбалската јавност, но сега полека внимание привлекува неговиот помлад брат Џоб.
Џоб игра во англискиот Сандерленд кој во овој момент се бори за враќање во Премиер лигата и тој е еден од најдобрите фудбалери во Чемпионшиш. Сезонава зад своето име има 18 настапи, три гола и три асистенции, исто така е стандарден во првиот тим.
Според „Трансфермаркт“ вреди 12 милиони евра и Англичаните го сметаат за голем талент. Игра на иста позиција како и неговиот брат, може во средината, но и како напаѓач.
Џоб е млад англиски репрезентативец и во Сандерленд се воодушвени од неговиот менталитет и работна етика по што потсетува на Џуд.