Напаѓачот на Њукасл, Ентони Гордон откри повеќе детали за незгодата од кампот на Англија кога паднал од велосипед и малку фалело да искрши глава.
Новинарите кои ја пратат репрезентацијата на „Трите лава“ во Германија, беа зачудени во четвртокот кога Ентони Гордон се појави на тренинг со гребаници на муцката, носот, рацете и нозете.
Потоа беше објаснето дека напаѓачот на Њукасл имал незгода додека возел велосипед.
Самиот Ентони Гордон сега откри повеќе детали за тоа што се случувало, и како дошло до инцидентот поради кој малку фалело да искрши глава.
„Се спуштав по удолница, се обидов да направам кратко видео за моето семејство, да им покажам што правиме, и веќе следниот момент летнав преку велосипедот, слетав со глава на земја“ – раскажува напаѓачот.
„Во Англија, предната сопирачка е на десната страна. Тука, се обидов да ја притиснам левата сопирачка во обид да забавам, но наместо да забавам, велосипедот се закопа во место, а јас летнав во воздух и треснав на земјата со муцката“.
Тој потоа откри како реагирал селекторот Герет Саутгејт.
„Во прв момент добро се насмеа, исто како и сите други. Имаше доста шеги на оваа тема“.
„За среќа не беше ништо сериозно, само неколку гребаници“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.