Eкипата на Манчестер сити претрпе пораз во вчерашното дерби во Лигата на шампионите против Јувентус, а како главна причина за поразот на англискиот гигант се истакнува слабата игра во одбраната.
На последните десет натпревари, Манчестер сити прими дури 23 гола, а како главен виновник во дуелот против Јувентус се посочува Хрватот, Јошко Гвардиол.
Пеп Гвардиола го врати хрватскиот дефанзивец во срцето на одбраната на стоперската позиција откако претходно го користеше како лев бек, но и на неговата омилена позиција не се снајде најдобро.
„Беше вратен на неговата омилена позиција и не реагираше добро кога најмногу требеш, при двата гола. ПрвоВлаховиќ скокна повисоко од него и погоди, а потоа не знаеше што прави кога Мекени остана само во шеснаесетникот“, пишуваат „Goal“ кој настапот на Гвардиол го оцени со четворка.
„Гвардиол играше комично. Грешките кои ги прави заедно со голманот Едерсон се комични“, критикува „Manchester Evening News“.
Слични се текстовите и на останатите медиуми на Островот кога е настапот на фудбалерот кој во Манчестер пристигна како големо засилување.