Во 2015 велеше дека Бенфика му е сé и еден ден ќе се врати таму, сега потпиша за Спортинг

by
0 минути читање

Фабио Коентрао во следната сезона ќе настапува за Спортинг Лисабон откако синоќа беше презентиран како ново засилување на португалскиот тим.

Коентрао во Реал Мадрид пристигна од Бенфика за која играше од 2007 до 2011 година.

Пред две години Коентрао изјави: „Ја сакам Бенфика, еден ден ќе се вратам. Бенфика ми е се“.

Но, во фудбалот парите доминираат во однос на љубовта, па Фабио Коентрао се врати во Лисабон но во најголемиот ривал на Бенфика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани