Португалецот во 2011 пристигна на Сантијаго Бернабеу во трансфер вреден 30 милиони евра но никогаш не се наметна сериозно во првиот тим, и сега е на излезна врата.
Според пишувањата на А Бола, Фабио Коентрао е на чекор до преселба во Спортинг Лисабон.
Реал Мадрид толку многу сака да се случи оваа зделка што е подготвен да му плати 2 милиони евра на играчот.
Имено, Фабио Коентрао во Мадрид заработува 3.5 милиони евра по сезона, а Спортинг му нуди плата од 1 милион евра годишно.
Па „Кралевите“ се спремни да одвојат 2 милиони евра за да ја надополната разликата.
29 годишниот Фабио Коентрао ќе треба да се откаже од 500.000 евра, но се верува дека ова нема да биде проблем и во скоро време ќе пристигне официјална потврда.