Вулверхемптон со убедливи 3-0 го победи Вест Хем и верувате или не ја забележа првата победа во лигата оваа сезона.
Се чини дека ремито на Олд Трафорд во претходното коло како да им ја зголеми самодовербата на играчите на Вулвс, а тоа резултираше со денешна победа која дури беше и убедлива.
Резултатот беше отворен уште во третата минута кога по една убава акција Ариас даде гол за водство од 1-0.
Во 31. минута Хванг Хи-Чан реализираше од пенал за предност и од 2-0, а само десет минути подоцна Мане ги постави конечните 3-0.
Вулвс е уште премногу далеку од ривалите кои се борат за опстанок, има само шест освоени бодови.