43
Македонскиот напаѓач Георг Стојановски беше херој на Спартак Варна во дуелот против Монтана во најсилната бугарска конкуренција.
Стојановски шансата ја чекаше од клупата, а на теренот влезе во 70. минута. Токму кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, младиот напаѓач во 90. минута погоди за голема радост и минимален триумф од 1-0.
Интересно е што тимот од Варна го предводи искусниот стратег Ѓоко Хаџиевски, поранешен селектор на Македонија, кој воедно му е и дедо на Стојановски.