Преговорите меѓу Винисиус и Реал Мадрид за нов договор во моментов се во прекин поради високите барања на фудбалерот кои клубот нема намера да му ги исполни.
Винисиус има договор со Реал Мадрид до јуни 2027 година, па време е за продолжување на соработката, но неизвесно е дали тоа ќе се случи.
Наводно, Винисиус бара плата од најмалку 25 милиони евра годишно и не сака да слушне за ништо под таа сума.
Во Реал Мадрид само Давид Алаба и Килијан Мбапе имаат поголема плата од него, но тоа не му е доволно, сака да биде најплатен.
Винисиус не импресионира со игрите во последните месеци, па Реал Мадрид засега попрво би го продале ако стигне голема понуда отколку да му ги дадат парите кои ги сака.
Еден од проблемите со кои се соочува Алонсо е големото его во соблекувалната, а кога е во прашање тоа Винисиус сигурно е меѓу играчите со најголемо его.