Внимавајте на ова име, Мурињо рече дека ќе биде светска класа!

by riste
1 минути читање

Бенфика синоќа го победи Наполи со 2-0 во Лигата на шампионите, па Жозе Мурињо беше расположен за зборување на прес-конференцијата.

Мурињо зборуваше за Скот Мектоминеј и при разговорот посочи едно име од Бенфика кое очекува да биде светска класа, но прво добро ги насмеа сите со една конверзација за шкотскиот играч на Наполи.

Мурињо е тренерот кој му даде вистинска шанса на Мектоминеј во Манчестер Јунајтед и го промовираше на големата фудбалска сцена.

По вчерашниот меч имаше разговорот со фудбалерот на Наполи од кој го доби и дресот.

На прес-конференцијата Мурињо имаше интересна конверзација со еден од новинарите.

„Забележав дека имате торба. Да не е тоа подарок за нас?“, праша новинарот.

„Торбата е моја“, одговори Мурињо.

„Што има во неа?“, пак праша новинарот.

„Тоа е дресот на Мектоминеј. Него го ставив таму, за него го седнав Погба на клупа. Најмалку што може да направи е да ми даде дрес“, рече Мурињо и ги насмеа сите.

„Јас му овозможив старт на кариерата, а од таму се беше на него и неговата работа. Скот е Скот, тој е победник“.

Потоа кажа и што зборувал со Мектоминеј по мечот.

„На Мектоминеј му реков дека децата кои ги пуштив во последните минути ќе бидат следни Мектоминеи. Последниот кој влезе (Жозе Нето), сигурен сум дека ќе креира историја“.

Нето е 17-годишен лев бек кој потекнува од школата на Бенфика, може да игра и како централен дефанзивец. Вчерашното влегување во игра за него беше деби во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×