Навивачите кои ќе бидат дел од Светското првенство во Катар ќе имаат едно поинакво искуство од тоа што го доживеале порано, потенцира англискиот медиум.
„На ваквите настани сексот е често на менито, но тука не смее да се практикува доколку не сте сопруг и сопруга. Дефинитивно нема да има секс за една вечер на Светското првенство. Нема да има ниту забави. Сите треба да бидат со ладна глава доколку не сакаат да завршат во затвор“, рекол извор од полицијата во Катар за Дејли Стар.
Двојките кои ќе имаат секс а не се брачни другари, може да завршат во затвор до седум години.
World Cup sex ban as horny fans warned one-night stands can lead to 7 years in jail – Daily Star. Really. If true enforcement ought to be a hoot https://t.co/BvBXfyhwkI
— Arthur Caplan (@ArthurCaplan) June 20, 2022