ВМФЛ: „Седмица“ на Беласица во Прилеп, Шкендија Арачиново првпат не победи

by Стефан
1 минути читање

На фудбалските терени во Македонија денеска се играа натпревари од Втората лига, а најубедливата победа ја запиша струмичка Беласица.

на гостувањето во Струмица, Беласица славеше надј Големо Коњари со убедливи 1-7, со што дојде и до седум бода, колку што имаат уште Шкендија Арачиново и Кожуф.

Шкендија од Арачиново, по двете победи на стартот од сезоната, денеска ремизираше 2-2 на гости кај Скопје. На врвот се приклучи и Кожуф, кој со триумфот над Каменица Саса ја запиша втората победа сезонава.

Убедлива победа за први бодови во втората лига денеска запиша и Преспа која ја совлада Победа на свој терен со 5-0.

Детонит – Слога 1-0

Скопје – Шкендија Арачиново 2-2

Големо Коњари – Беласица 1-7

Кеманица Саса – Кожуф 1-3

Новаци – Вардар Неготино 3-2

Охрид – Осогово 2-0

Преспа – Победа 5-0

Можно е и ова да ти се допаѓа

×