Лидерот на табелата Македонија Ѓорче Петров денеска одигра само реми 0-0 на гости во Гевгелија, а тоа го искористи Башкими кој по двата нерешени натпревари славеше над Каменица Саса денес со убедливи 0-5.
Домаќините иако се наоѓаат на 10-тата позиција по двата порази во низа сега успеаа да го запратдосегашниот лидер на табелата.
На врвот на табелата сега двете екипи се изедначени со по 53 бода.
Победничката серија ја продолжи Арсими кој со 0-2 славеше на гости кај Скопје. Изненадувачки пораз со 1-0 од Вардар Неготино претрпе Брегалница која така дозволи Арими да и побегне на три бода на трета позициак.
ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 53, Башкими 53, Арсими 51, Брегалница, 48, Детонит 36, Беласица 35, Охрид 35, Скопје 34, Кожуф 32, Вардар Неготино 27, Новаци, 24, Победа 23, Осогово 18, Борец 13, Вардарски 11.
РЕЗУЛТАТИ 24. КОЛО ВМФЛ
Детонит – Борец 2-0
Скопје – Арсими 0-2
Каменица Саса – Башкими 0-5
Кожуф – Македонија Ѓорче Петров 0-0
Новаци – Победа 0-0
Осогово – Беласица 0-0
Вардар Неготино – Брегалница 1-0
Вардарски – Охрид 3-0