76
Шкендија го доби
Милан за противник во плејоф рундата од квалификациите за пласман во групите од
Лига Европа, голема е заинтересираноста за овој дуел, како во Италија така и во
нашата земја.
Калчолигашот,
според најновите информации кои пристигнуваат од таму, досега продал 18,000
влезници за мечот со нашиот вицепрвак.
Шкендија пак за
неполни 24 часа откако ги пушти билетите во продажба, продаде околу 10,000
влезници за дуелот со гигантот од Милано.
Првиот дуел се
игра на терен на противникот, овој четврток, додека пак една седмица потоа
Шкендија е домаќин и тоа на „Телеком арената“ во Скопје.