Влезе во првиот тим на Реал, го чека нов богат договр но и затворска казна до 5 години

by bojan
1 минути читање
Асенсио

Судот ја одби жалбата на Раул Асенсио, младиот дефанзивец и понатаму е под истрага за дистрибуција на детска порнографија, и понатаму му се заканува затворска казна од 5 години.

Марко Асенсио го искористи зголемениот број на повреди во дефанзивата и се избори за место во првиот тим на Реал Мадрид, импресионираше со своите настапи, па сега се пишува дека младиот Шпанец ќе добие нов побогат договор.

Но во исто време тој има големи проблеми надвор од теренот.

Марко Асенсио и уште тројца други младинци на Реал Мадрид во септември минатата година беа уапсени поради снимање и дистрибуирање на видео со сексуална содржина, една од девојките имала само 16 години.

Адвокатите на Марко Асенсио поднеле жалба и барале да биде отфрлено обвинението, но судот им го одбил барањето.

Судот смета дека има разумни индикации за криминални активности, па го продолжуваат процесот против Марко Асенсио.

За делото кое се товари, на Марко Асенсио му се заканува затворска казна до 5 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×