608
Поранешниот македонски репрезентативец, Влатко Стојановски е нов член на Беса, клубот од Добри Дол денеска го промовираше новото засилување.
Стојановски го напушти Работнички и се пресели во Беса иако се шпекулираше дека може да биде јануарско засилување на Вардар.
„Со задоволство можеме да информираме дека напаѓачот Влатко Стојановски ќе биде дел од нашиот клуб во пролетниот дел од сезоната. Клубот постигна договор со фудбалерот кој ќе ги брани нашите бои до крајот на првенството“, стои во соопштението на Беса.