176
Доуден имаше состанок со фудбалските власти во Англија денеска по што изјави: „Сите ние сме сложни фудбалот да продолжи доколку се гарантира здравјето на фудбалерите, тренерите и стручниот штаб“.
„Владата ја отвора вратата за враќање на фудбалот во јуни. Сега останува на фудбалските власти да ги финализираат деталите од нивниот план. Владата и нашите медицински експерти ќе ја следат ситуацијата и даваат поддршка за финална одлука која ќе го го направи планот во дело“.
Фудбалските клубови во Англија се уште немаат постигнато договор за начинот на кој ќе ја продолжат сезоната. Дел од клубовите се противат на идејата да се игра на неутрален терен.