Влашиќ ја „измеша“ одбраната на Чешка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Младата фудбалска репрезентација на Хрватска е засега со
максимален број победи во групата „1“ од квалификациите за ЕП Италија 2019 за
фудбалери до 21 година.

Хрватска денес стигна до нова победа и тоа убедлива од
5-1 над Чешка во Вараждин, а фудбалерот на премиерлигашот Евертон, Никола
Влашиќ постигна два гола на мечот, од кои еден беше вистински ремек дело.

Големиот талент на хрватскиот фудбал, како за
потсетување, изминатото лето го напушти Хајдук од Сплит и премина во редовите
на Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани