Во италијанските медиуми се погласно се најавува заминување на Душан Влаховиќ од Јувентус, а според последните информации во Торино имаат план за негов наследник.
Договорот на Влаховиќ е со важност до 2026 година и доколку не го продолжи ќе замине, додека Италијанеците го најавуваат веќе и неговиот можен наследник.
Реномиранат „Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус на местото на Влаховиќ би можел да го доведе Виктор Осимен кој е на врвот на нивната листа желби.
Осимен во овој момент настапува како позајмен фудбалер во Галатасарај, но се очекува да се пресели во некој поголем клуб. Покрај, Осимен се споменува и Џошуа Зиркзе кој со сегашниот тренер на Јувентус, Тијаго Мота соработуваше во Болоња.
На 15 натпревари во турското првенство, Осимен постигна 12 гола.