Влаховиќ незадоволен во Јувентус, одржал итен состанок со Мота

by Стефан
0 минути читање

Медиумите во Италија пишуваат дека српскиот напаѓач Душан Влаховиќ имал разговор со тренерот Тијаго Мота поради неговиот статус во тимот.

Влаховиќ во Јувентус стана резерва со доаѓањето на Французинот Коло Муани, а тоа не му се допаднало.

Италијанците пишуваат дека Мота му зборувал на Влаховиќ дека неговиот статус е сигурен, но Србинот се обидел да го убеди да користи формација со два напаѓачи.

Засега не е познато дали Мота го прифатил тој предлог или ќе продолжи со станрдната формација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×